Украински сили истрелале ракета кон местото Белгород во Русија, кое се наоѓа на осумдесеттина километри од Харков.

Градоначалникот на Белгород, Вјачеслав Гладков, соопшти дека проектилот што експлодирал во селото бил испукан од правец на Украина и дека во нападот има жртви на кои им се помага.

Според првичните информации, повредени се двајца руски државјани и едно седумгодишно дете.

Во нападот е уништена една станбена зграда, осум куќи и еден автомобил.

На социјалните мрежи се појави и видео кое, наводно, го прикажува нападот врз Белгород.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.