Борец на Народната милиција на Луганската Народна Република загина денеска во текот на артилериски напад од страна на украинската војска, прв по десетдневниот прекин на огнот, соопшти офицерот на прес службата ЛНР Александар Мезејкин.
Според него, од позицијата на 30. бригада на Вооружените сили на Украина во реонот на селото Троицкое, кое е под контрола на Киев, отворен е оган од артилериско оружје и тешки митралези кон селото Веселогоровка.
За да го заштитиме цивилното население и да се избегнат нови жртви во редовите на Народната милиција, нашите трупи беа принудени да отворат оган, рече Мазејкин.
Тој потсети дека од 17 јануари до денес Вооружените сили на Украина не го кршеле примирјето.
Од летото 2020. во Донбас е на сила прекин на огнот, кој подразбира целосна забрана за пукање, стационирање на оружје во близина на населени места, офанзивни и извидувачко-диверзантски операции.
Наредбите за прекин на огнот треба да бидат на сила додека не се реши судирот во целост, но често се случуваат инциденти налик на денешниот.
извор: Kurir.rs / Novosti.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.