Портпаролот на министерството за одбрана на Украина, Александар Мотузјаник, предупреди дека руските сили се подготвуваат да го заземат градот Харков.
Мотузјаник наведува и дека „непријателот има намера да ги опколи украинските сили“.
Главните напори на непријателот беа насочени кон подготовките за продолжување на офанзивните операции со цел да се опколат сојузничките сили и да се заземе градот Харков – изјави Мотузјаник.
Според него, Русија продолжува да користи оружје со висока прецизност за уништување на критичната инфраструктура на Украина и презема мерки за формирање и преместување дополнителни единици од Источниот и Централниот воен округ за учество во воените дејствија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.