Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.

Според достапните информации, Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста врз Украина – се вели во соопштението.

Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во последните денови, руските трупите ги зазедоа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.

Окупаторите се обидуваат да создадат лажни „докази“ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.