Украина може апсолутно да ја добие војната против Русија, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби на денешниот брифинг.

Се разбира дека тие можат да го добијат ова. Доказот е буквално во резултатите што ги гледате секој ден. Апсолутно можат да победат, рече Кирби.

Коментарите доаѓаат откако американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска потврди дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во време на нејзината тековна војна со Русија – која сега е во својата шеста недела.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.