Украинската влада им дозволи на морнарите да ја напуштат земјата за да работат во странство.

Украинскиот премиер Денис Шмигал, на Телеграм напиша дека на морнарите сега ќе им биде дозволено да ја преминат границата.

Како што се наведува во објавата, мажите кои се членови на екипажите на морски и речни бродови и продолжуваат да работат на нив, ќе можат да ја напуштат Украина. Ќе има и релаксиран режим за кадетите од образовните институции кои треба да поминат практична обука на брод.

Сепак, тоа ќе биде можно само по добивање дозвола од регионалните воени администрации. Во моментов, во рамки на општата мобилизација, мажите на возраст од 16 до 60 години кои подлежат на воена служба, не смеат да ја напуштат Украина.

Според премиерот Шмигал, повеќе од 100.000 Украинци работат во светската трговска флота.

Украинските морнари постојано бараа од властите да почнат да ги испраќаат на работа во странство доколку имаат важечки договор. На крајот на мај, заедно со нивните семејства, тие снимија видео порака за ова прашање до претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи дека нивните места на бродовите ги заземаат Руси.

Од 1 септември, Украина ќе можат да ја напуштат службено и индивидуалните претприемачи и ангажираните работници, за период до седум дена и со гаранција од 200 илјади гривни (околу 5 илјади долари).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.