Министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, потпиша документ со кој се овозможува почеток на обновување на извозот на електрична енергија во услови кога има вишок.
Галушченко изјави дека украинскиот енергетски систем работи без ограничувања речиси два месеци и дека тоа е постигнато благодарение на работата на енергетските инженери и меѓународните партнери, кои помогнаа во обновувањето на системот, пренесува Интерфакс Украина.
„Помина најтешката зима. Следниот чекор е отворање на извозот на електрична енергија, што ќе привлече дополнителни финансиски средства за потребната реконструкција на оштетената енергетска инфраструктура“, рече Галушченко.
Истовремено, тој нагласи дека задоволувањето на потребите на украинските потрошувачи е приоритет и дека извозот може да биде прекинат доколку ситуацијата се промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.