Советникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак изјави дека Киев е подготвен да го разгледа прашањето за одбивање членство во НАТО, доколку за возврат добие безбедносни гаранции.
Подготвени сме за конструктивни преговори за клучните прашања. Се разбира, главното прашање е безбедноста. Суспендирање на борбените операции. Што се однесува до политичките прашања, претседателот Володимир Зеленски не се плаши да разговара за сето ова со Русија“, рече тој.
Како што рече, неопходно е Украина да добие прецизни, писмени и правно обврзувачки гаранции во услови кога НАТО отворено кажува дека не ја сака Украина за нејзина членка.
Во моментов е бесмислено да се зборува за детали. Сега главната работа е физички да се заштити Украина“, рече тој.
Подољак рече и дека Киев нема да прифати никакви ултиматуми поставени од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.