Алтернатива за влезот во НАТО може да биде нов безбедносно воен договор гарантиран од САД, Турција или соседните земји, потенцијално вклучувајќи ја и Русија, предложи денеска украинската владејачка партија – Слуга на народот.
Едно од руските барања за да ја заврши инвазијата е Украина да се откаже од напорите за влез во НАТО.
НАТО не е подготвен да ја прифати Украина најмалку во следните 15 години. Ние дури и ја немаме нејзината поддршка во оваа војна, само од поединечни држави, рече портпаролот на партијата.
Иако оваа изјава изгледа дека Украина е подготвена да попушти на едно барање од Русија, се чини дека таа уште поцврсто стои зад тоа да не попушта со другите барања, пишува „Скај Њуз”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.