Украина побара „итен пристап“ до местото на ракетната експлозија во источна Полска, изјави Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
Тој рече дека Украина бара „заедничка истрага“ за вчерашниот инцидент со своите партнери.
Виступаємо за спільне вивчення інциденту з падінням ракети в Польщі. Готові передати наявні у нас докази російського сліду. Очікуємо від партнерів інформацію, на підставі якої був зроблений висновок про те, що йдеться про ракету української ППО.
— Oleksiy Danilov (@OleksiyDanilov) November 16, 2022
Олексеј додаде дека Киев очекува информации од сојузниците врз основа на кои заклучиле дека инцидентот можеби е предизвикан од украинската воздушна одбрана, пренесува „Гардијан“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно денеска изјави дека првите резултати од истрагата укажуваат дека проектил од украинскиот одбранбен систем, кој бил истрелан за да ја заштити Украина од руски ракети, најверојатно паднал во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.