Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров изјави дека вредноста на неговиот коњ, кој бил украден во Чешка, е погрешно проценета и додаде дека вреди најмалку десет милиони долари.
Ве молам, не ја намалувајте цената на мојот коњ. Чистокрвниот `Зазу` вреди најмалку десет милиони долари, напиша Кадиров на Телеграм.
Тој се сомнева во информациите дека животното го украле обични крадци на коњи.
Не верувам дека се глупави да украдат коњ што е под санкции и итрин за да не ги најде полицијата, рече Кадиров, додавајќи дека е чудно што толку вреден имот е толку слабо обезбедуван.
Претходно беше објавено дека од шталата во селото Крабчице, на западот на Чешка е украден чистокрвен англиски коњ „Зазу“ чија вредност се проценува на околу 18 илјади долари.
Коњот му припаѓа на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров и е дел од имотот што Чешка го замрзна од лидерот на Чеченија врз основа на меѓународни санкции, пренесува Спутник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.