Најстариот син на авторитарниот владетел на руската севернокавкаска област Чеченија, Рамзан Кадиров, 18-годишниот Ахмат Кадиров е назначен за министер за млади и спорт во Чеченија. Оваа информација ја објави висок чеченски функционер на социјалната платформа Телеграм. Воедно на Ахмат Кадиров му беше доделена и највисоката награда во регионот, Орденот именуван по неговиот татко „Кадиров“.

За ова назначување не беше објавено посебно од Владата, но претседателот на владата на чеченската република Магомед Даудов во својата објава за доделувањето на орденот истакна дека синот на Кадиров „ги решава сите зададени задачи на високо ниво“, без да прецизира кои точно се неговите заслуги.

Во 2023 година, Ахмат Кадиров стана помошник на неговиот татко и претседател на огранокот на провладиното „Движење на првите“. Покрај тоа, во пролетта тинејџерот беше примен во Кремљ од рускиот претседател Владимир Путин – политиколози го сметаа ова како свадбен подарок на синот на шефот на Чеченија.

Нивната средба во која беше во формат еден на еден во Москва, предизвика шпекулации дека Кадиров и Кремљ се подготвуваат за негово наследство поради гласините за лошото здравје на лидерот на Чеченија.

Севкупно, владините позиции на различни нивоа во Чеченија се окупирани од околу 100 роднини на семејството Кадиров – деца, сестри, зетови, внуци, браќа со различен степен на сродство. Рамзан Кадиров, цврст сојузник на Кремљ, наводно има најмалку 10 деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.