Едно училиштe во Њујорк е затворено за во него да бидат сместени илегални мигранти. Ова е прв случај во кој, наместо да бидат сместени во хотелски соби што ги плаќа градскиот буџет, илегалните мигранти ќе добијат сместување во социјалните објекти.

Сепак, ваквата одлука не е толку неочекувана.

Неодамна беше обелоденето дека миграциската криза ќе го чини градот речиси 11 милијарди долари од јавни средства во следните две фискални години.

Буџетот за 2024 година во моментов е избалансиран, но ситуацијата со финансирањето во Њујорк брзо ќе се влоши без акција. Според извештаите на медиумите, буџетскиот дефицит за 2025 година ќе надмине невидени седум милијарди долари.

За дополнително да се комплицираат работите, не само што мигрантите се поскапи, туку и износот на даночните приходи од федералната влада во градскиот буџет се намалува.

Неодамна, градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс изјави дека поради миграциската криза ќе има масовни отпуштања меѓу работниците во градските служби – полицајци, вработени во домувањето и комуналните служби, социјални работници и други.

Се чини дека градскиот имот, вклучително и зградите на јавните училишта и болниците, исто така ќе бидат погодени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.