Во училиште во Флорида дошло до насилство кога ученик физички нападнал професорка откако на час му одзела видео игра Нинтендо.
На вознемирувачкото видео се гледа 17-годишно момче како трча кон професорката која се врти кон него пред тој насилно да ја собори на подот.
Ученикот, за кој „Њујорк пост“ пишува дека тежи 113 килограми, продолжил да ја удира со нозете веќе онесвестената професорка во средното училиште Матанзас во Палм Коуст.
Уште неколку вработени, кои биле сведоци на овој брутален напад, истрчале да го одвојат ученикот од професорката, која веднаш била пренесена во локалната болница.
Се очекува таа да се опорави од повредите.
Ученикот тврди дека жртвата го изнервирала кога го земала неговото Нинтендо за време на часовите“, се вели во соопштението на полицијата.
Во извештајот за апсење се вели дека полицајците ја нашле професорката облеана во крв и онесвестена на местото на настанот.
Разбеснетиот ученик кој живее во колективно сместување и викал на полицијата дека ќе ја „убие“ кога ќе се врати на училиште.
Во текот на рочиштето тој повеќепати ја прашувал полицијата кога ќе биде пуштен на слобода, а станал насилен и во станицата кога не добил позитивен одговор.
Постапките на овој ученик се апсолутно ужасни и неприфатливи. Се надеваме дека жртвата брзо ќе закрепне од овој инцидент, и физички и психички“, изјави шерифот на округот Волузија, Рик Стејли.
Ученикот е предаден на одделението за малолетничка деликвенција,пренесуваат светските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.