Вкупниот број на жртви во масакрот во основно училиште во Увалде, Тексас, се искачи на 21, а загинаа 19 ученици и две учителки.

Станува збор за Ева Мирелес (44), која таму работела 17 години и Ирма Гарсија (46), мајка на четири деца и вработена во училиштето цели 23 години.

image
Ева Миралес

И двете жени беа наставнички во четврто одделение и биле блиски пријателки.

image
Ирма Гарсија

Убиените деца се на возраст меѓу седум и 11 години. Членови на семејствата на некои од нив ги потврдија нивните имиња за американските медиуми.

image
Амери Џо Гарза
image
Хавиер Лопез
image
Мекена Елрод
image
Ели Гарсија
image
Елихана Торес
image
Узија Гарсија

Узија беше најслаткото момче што некогаш го запознав, изјави неговиот дедо Мани Ренфро за „Асошиетед прес“, додавајќи дека ова не го кажува само затоа што е негов внук.

Меѓу исчезнатите се Рохелио Торес и Невае Браво.

Таткото на 10-годишната Анабел Гвадалупе Родригез рече дека и таа се уште се смета за исчезната.

Пукањето во Увалде беше најсмртоносниот инцидент од овој вид од 2018 година, кога беа убиени 14 средношколци и тројца возрасни вработени во училиште во Паркленд, Флорида, и од 2012 година, кога 20 деца и шест возрасни беа убиени во училиштето „Сенди Хук“ во Конектикат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.