Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи.
Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие „Пекара Макарив“, во регионот на Киев, објави на Твитер, првата заменик министерка за надворешни работи на Украина, Емине Јапарова, споделувајќи фотографија од нападот.
Петмина се спасени, додека во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.