17-годишна девојка е убиена, а пет други се ранети во пукање на забава во близина на универзитетски кампус во Северна Калифорнија. Како што соопшти полицијата пукањето е пријавено околу 3:30 часот по локално време, а биле пронајдени шест лица застрелани во станбена зграда во Чико.

Сите жртви биле пренесени во болници, каде тинејџерката починала. Двајца мажи, на возраст од 21 и 19 години и една 17-годишна девојка останаа хоспитализирани и се во стабилна состојба со повреди кои не се опасни по живот, рече началникот. Двајца други мажи, на возраст од 18 и 20 години, биле згрижени во болница и пуштени, изјави началникот на полицијата Били Олдриџ.џ.

Полицијата не објави информации за вооружениот напаѓач, но рече дека биле повикани на истата адреса 30 минути пред пукањето и уапсиле маж под сомнение дека мавтал со огнено оружје. Тој осомничен се совпаѓа со описот на човек кој претходно бил избркан од друга група луѓе, на помалку од два километри од местото на настанот.

На таа претходна забава настанала тепачка, а две лица биле хоспитализирани откако биле погодени во главата, едно со шише и едно со огнено оружје, рече началникот. Неколку улици беа затворени во саботата додека истражителите ја пребаруваа областа за докази. Најмалку три паркирани автомобили имале дупки од куршуми и искршени стакла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.