Израелски војници утринава го убиле командантот на палестинскиот исламски џихад во Тубас на окупираниот Западен Брег, објавија палестинските медиуми.
Министерството за здравство на палестинските власти објави дека тројца Палестинци биле убиени за време на судирите на тоа место и блискиот камп Фара.
Еден од убиените е идентификуван како 26-годишниот Мухамед Дарагме, ко-основач на локалниот огранок на Исламскиот џихад во Тубас на северниот дел на Западниот Брег.
Военото крило на Исламски џихад потврди дека сите убиени се членови на таа екстремистичка организација.
Министерството за здравство соопшти дека тие биле убиени од куршуми испукани во главата, градите и вратот.
Насилството на Западниот Брег се интензивира по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на 7 октомври.
Оттогаш, повеќе од 400 Палестинци се убиени од израелски оган на Западниот Брег, главно во судири што избувнуваат за време на речиси секојдневните воени напади во потрага по осомничени екстремисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.