Американската транспортна компанија „Убер“ објави загуба во првите три месеци од годината и покрај заживувањето на нивниот бизнис, кој преку апликација за мобилни телефони нуди услуги за превоз. Соопштението на компанијата за загубата ја урна и цената на нејзините акции на берзата.
Нето загубата на компанијата изнесува 5,9 милијарди долари. Колапсот во бизнисот се должи на пандемијата на Ковид, но и поради ревалоризацијата на акциите на компанијата во Граб и Диди во Азија и компанијата за автономно возење Аурора во САД.
Акциите на „Убер“ паднаа за повеќе од седум отсто во вчерашното тргување.
Приходите на „Убер“ се зголемија за 44 отсто на 2,5 милијарди долари во услугата за испорака на храна „Итс“ (Eats) во споредба со истиот период пред една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.