Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ сака засега да користи делови од руско-германскиот гасовод Северен тек 2, кој е ставен во мирување, за снабдување на сопственото население.

Со оглед на тоа што гасоводот во Балтичкото Море во моментов не се користи, „Гаспром“ одлучи да ги „искористи вишокот руски транспортни капацитети на копно за развој на снабдувањето со гас во регионите во северозападниот дел на Русија – соопшти компанијата.

Пораката, објавена на профилот на Телеграм на компанијата, содржи и предупредување до Берлин.

Доколку Германија сепак одлучи да го пушти во употреба Северен тек 2, најмногу што ќе може да се направи е првиот дел од подводната рута да биде поврзан во блиска иднина. Вториот крак сега нема да се користи пред 2028 година.

Гасоводот Северен тек 2 има два крака, секој со транспортен капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно.

По руската воена операција во Украина, Берлин целосно го запре процесот на сертификација на гасоводот. Во новата енергетска стратегија на Германија се планира значително да се намали зависноста на земјата од рускиот гас



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.