Мексиканските власти уапсиле шест членови на нарко-картел поврзани со убиства со мачета на најмалку осум лица во Канкун минатиот месец.

Обвинителите соопштија дека шестмина осомничени убиле пет лица со мачета и фрлиле уште три жртви во плиток гроб, пренесува „Фокс њуз“.

Мексиканската полиција запленила дрога од групата, вклучувајќи марихуана, кокаин и крек, како и две огнени оружја кои исклучиво ги користени војската, два мотоцикли наводно користени за транспорт на осакатените тела и два автомобили, вклучително и еден за кој бил пријавен дека е украден.

Мексиканските власти неодамна открија нарко-група која дрогата ја продавала преку лажна туристичка агенција, а минатата година беа затворени 23 аптеки во одморалиштата на карипскиот брег откако во истражен извештај беше предупредено дека аптеките продаваат лажни опијати на странци.

Надлежните веруваат дека бандата се занимавала и со изнуда, како и дека им помагала мрежа на такси возила и малолетници кои работеле како набљудувачи, јави „Си-би-ес њуз“, додавајќи дека покрај шестмината членови на нарко-бандата, уапсени биле и двајца малолетници.

Извор: МИА

Фото: Полиција на Мексико



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.