Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин.
Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан.
Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС).
Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.
Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.
Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.
Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.