Полицијата во јужна Франција уапсила 41-годишна жена откако пронашла две мртви бебиња во нејзиниот замрзнувач.
Едно лице ја известило полицијата за страшното откритие во француското село Бедоин ден претходно и полициската истрага е во тек. Врската меѓу уапсената жена и бебињата се уште не е јасна, пренесува ДПА.
Жената ќе остане во полициски притвор, соопшти денеска обвинителката Хелен Мургес во блискиот град Карпентрас. Мургес не кажа дали таа сведочела во полиција или дала изјава.
Весникот Ла Прованс објави дека 16-годишната ќерка на жената посочила дека нејзината мајка родила дете сама дома пред три години. Жената живеела со три деца во домот каде што биле пронајдени бебињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.