Уапсен е Милан Радоичиќ, кој призна дека го организирал вооружениот конфликт во Бањска на Косово.

На 03.10.2023 година, полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кому полицијата му одредила притвор до 48 часа. Со кривична пријава е изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград, велат од полицијата.

Радоичиќ во петокот преку својот адвокат Горан Петронијевиќ ја презеде одговорноста за вооружениот конфликт во селото Бањска, а утредента како граѓанин беше сослушан во полиција. По неговото сослушување беше најавено дека случајот со конфликтот во Бањска ќе го преземе белградското Вишо јавно обвинителство во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.