Турција денеска го повика холандскиот амбасадор во Анкара на разговор во врска со протестот што се одржа во неделата во Хаг, а на кој беше искината копија од муслиманската света книга Куранот, соопшти министерството за надворешни работи.

Амбасадорот на Холандија во Анкара беше поканет во нашето министерство и ние го осудивме и протестиравме овој грозоморен и одвратен чин и баравме Холандија да не дозволи такви провокативни акти, се вели во соопштението.

Беше објавено дека „одвратниот чин“ во Холандија, по Шведска, каде што беа навредувани светите вредности на исламот, е „злосторство од омраза“ и дека е јасен показател дека „исламофобијата, дискриминацијата и ксенофобијата не познаваат граници во Европа“, наведува британската агенција.

Откако копија од Куранот беше запалена во саботата на протестот во Стокхолм, Турција ѝ кажа на Шведска дека не треба да очекува поддршка за нејзината кандидатура за членство во НАТО.

Не беше првпат екстремно десничарскиот политичар Расмус Палудан, кој го предводи данското антиисламско движење Страм Курс (тврдокорен), да го запали Куранот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.