Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека земјата ќе добие нов Устав, објаснувајќи зошто има намера да го стори тоа.
Ние сме решени да ја спасиме нашата нација од сегашниот Устав, кој е резултат на воен удар, рече тој на церемонијата во Анкара по повод 154-годишнината од постоењето на Врховниот административен суд.
Ердоган посочи дека новиот Устав ќе се заснова на принципите на граѓанското право и дека ќе го замени Уставот што беше донесен по воениот удар во 1980 година. Тој ги обвини опозициските партии дека го попречуваат усвојувањето на новиот Устав и дека неговата Партија на правдата и развојот (АКП) постојано се обидувала тоа да се случи во Парламентот. Тој вети дека новиот врвен правен акт на државата ќе биде либерален и инклузивен.
Турскиот претседател смета дека АКП е одговорна за консолидирање на владеењето на правото во оваа земја. Од воениот удар во 1980 година, имаше неколку амандмани на Уставот. Неговата цел е новиот Устав да биде усвоен до следната година, пишува Daily Sabah.
Последните уставни измени се случија пред пет години, кога беше воспоставен претседателскиот систем во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.