Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер.
Турција претходно одговори дека не може да го спречи минувањето на руските воени бродови низ нејзините теснеци кои излегуваат на Црното Море.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуриет“ изјави дека Турција не може да го запре минувањето на бродовите, повикувајќи се на клаузула од Конвенцијата од Монтре која им дозволува на бродовите да се вратат во нивната матична база на тој начин.
Украина во четвртокот побара од Турција да ги затвори каналите Босфор и Дарданели за руските воени бродови.
Во случај на војна во која Турција не учествува, постојат мерки што може да се преземат во однос на земјите што учествуваат во војната, рече Чавушоглу.
Сепак, тој објасни дека „доколку има барање бродовите на завојуваните земји да се вратат во своите бази, тогаш тоа мора да се дозволи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.