Состојбата во Газа и недостикот на храна е алармантна.Од почетокот на операцијата на Израел стана тешко да се планира испораката на помош.Залихите со храна веќе се намалуваат.
Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања и координатор за итна помош Мартин Грифитс предупреди дека постои ризик од глад во Газа бидејќи е тешко да се планира испораката на помош од почетокот на операцијата на Израел во Рафах.
„Залихите со храна кои веќе беа во јужниот дел на Газа исчезнуваат. Мислам дека речиси ништо не остана“, изјави Грифитс за Ројтерс во Женева, додавајќи дека хуманитарната операција на ОН е „целосно закочена“.
Ова го отвори црниот пазар на храна па така килограм пилешки копани го плаќаат 200 долари, сирење 50, а едно чоколадо се плаќа и 10 долари.Има недостик и на цигари па така може да се најде цигара на парче за 20 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.