Протест пред хотел во северозападна Англија, каде што се сместени странци кои бараат азил, станал насилен, по што се уапсени три лица.
Полицијата во Мерсисајд соопшти дека тие се уапсени за „инциденти поврзани со безредија“ во близина на хотел во Ноузли, недалеку од Ливерпул.
Официјални лица за спроведување на законот соопштија дека протестот почнал мирно, заедно со контрапротестот за поддршка на бегалците.
Полицијата прецизира дека нема сериозно повредени, но насилството било „целосно неприфатливо“.
Според локалниот пратеник Џорџ Хауарт, демонстрациите биле предизвикани од „наводен инцидент на социјалните мрежи“.
Жителите на Ноузли не се фанатици и ги поздравуваат луѓето кои бегаат од некои од најопасните места во светот во потрага по безбедност. Овие демонстрации против бегалците на вечерашниот протест не се репрезентативни за нашата заедница, истакна синоќа пратеникот.
Велика Британија прима помалку баратели на азил од нејзините европски соседи, вклучително и Франција и Германија, но забележа нагло зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до земјата преку Ла Манш со мали чамци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.