Тројца холандски командоси на вежби во САД се ранети во престрелка пред нивниот хотел во Индијанаполис, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Еден од командосите е во критична состојба, се вели во соопштението, во кое се додава дека локалната полиција го истражува инцидентот и дека нема уапсени.

Полицијата во Индијанаполис соопшти дека пукањето се случило околу 3:30 часот по средноевропско време, а ранетите командоси биле пренесени во локалните болници.

Според полицијата, дошло до судир меѓу војниците и локалните жители, што предизвикало пукање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.