Неколку лица загинаа, а неколку се повредени во Холандија откако камион излетал од патот и удрил во поголема група луѓе кои се собрале на скара во соседството, пренесоа светските агенции.

Според холандското радио НОС, три лица загинале.

Несреќата се случила во селото Њу Бејерленд, недалеку од Ротердам.

Германската агенција ДПА јави дека во спасувањето на настраданите учествувале десет возила на брза помош и еден хеликоптер, а неколку лица се пренесени во болница.

Полицијата не го прецизираше точниот број на загинати, туку само наведе дека ја истражува несреќата што се случила околу 19 часот по средноевропско време на триесетина километри јужно од Ротердам.

Се уште не е позната причината поради која камионот, кој е на шпанска компанија, излетал од патот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.