Четворица тинејџери, тројца Авганистанци и еден Иранец, се обвинети за силување на 16-годипна девојка во близина на главната железничка станица во Линц, во Австрија.

За тројца од нив, двајца 15-годишни Авганистанци и еден 14-годишен Иранец, кои се уапсени по силувањето им е одреден притвор од 14 дена. Четвртоосомничениот, 15-годишен Авганистанец, кој сам се предал во петокот вечерта, треба да биде сослушан денеска.

Според весникот „Кронен цајтунг“, полицијата ги уапсила првите тројца, откако полициска патрола ги фатила во зграда во близина на станицата додека ја силувале девојката, додека четвртиот успеал да побегне, но потоа сам се пријавил во полиција тврдејќи дека „нема што крие“.

Од тројцата во притвор, двајца изјавиле дека станувало збор за „сексуални дејствија со согласност“, додеека третиот молчи.

Жртвата е 16-годишна Германка, која изнесува сериозни обвинувања за четворицата напаѓачи. Таа е хоспитализирана и кај неа, се забележани празнини во меморијата од големата траума.

Доколку монмчињата бидат прогласени за виновни за групно силување, им се заканува затворска казна до седум и пол години. За возрасни, казната е двојно поголема.

Според австриските медиуми, овој случај на групно силување потсетува на случајот „Леони“, 13-годишно девојче од Тулн во близина на Виена, кое во 2021 година во Виена го силувале неколку мажи, по што тоа починало.

Извршителите на делото, кога виделе дека жртвата е мртва, нејзиното тело го однеле во блиската зелена површина и го потпреле на дрво. Го откриле случајни минувачи. За ова грозоморно групно силување со смртни последици беа осомничени четворица Авганистанци на возраст од 16 до 23 години. Едниот успеа да побегне во Велика Британија, но пред нешто повеќе од една недела беше пронајден и екстрадиран во австриската полиција, па сега е во истражниот затвор со претходно уапсените тројца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.