Трите дискотеки во градот Мурсија во југоисточна Шпанија, кои вчера беа зафатени со пожар во кој 13 луѓе го загубија животот, немале лиценци за работа, изјави денеска советникот за урбанистичко планирање во Мурсија, Антонио Наваро.

За две од нив имаше официјална наредба за затворање уште на почетокот на минатата година, рече Наваро.

Театре и Фонда работеа без лиценца по наредбата за прекин на работата во јануари 2022 година. Градските власти ќе ги гонат одговорните и ќе дејствуваат како тужител во истрагата, рече Наваро, според државната телевизија РТВЕ.

Наредбата за затворање на соседните дискотеки е издадена поради редизајн на внатрешниот простор кој не добил конечно одобрение.

Тринаесет лица загинаа, а 24 се повредени во пожарот што избувна вчера рано изутрината. Причината за пожарот не е утврдена.

Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста прогласи тридневна жалост, а шпанската полиција почна истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.