Русија изврши ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.

Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот.

На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде повеќекатна станбена зграда во која останала огромна дупка.

Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.