Седумгодишно девојче и три жени се повредени во престрелка што се случила пред црква во којашто се одржувал погреб, а се наоѓа недалеку од станицата Еустон во центарот на Лондон.

Како што објавија британските медиуми, трите жени на возраст од 41, 48, и 54 години се пренесени во болница и се надвор од животна опасност.

Полицијата соопшти дека верува оти се пукало од возило во движење.

Истрагата е во тек, а службениците за спроведување на законот информираат дека во првичната фаза сè уште никој не е уапсен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.