Три лица загинаа, а две се повредени по експлозијата на непозната направа додека пливале во Црното Море во јужниот украински регион Одеса, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила вчера кога неколку лица, кои работеле на градилиште, ги игнорирале предупредувачките знаци на плажата и влегле да пливаат во морето.
Тројца мажи на возраст од 25, 32 и 53 години загинале во водата поради експлозија на непознат предмет, се вели во писменото соопштение на полицијата.
Се додава дека уште еден маж и една жена се ранети.
A mine exploded on a beach in the #Odesa region, where there were vacationers. pic.twitter.com/1zC0fz9x3k
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2022
Украинските власти ги затворија морските плажи поради мини или артилериски гранати од војната со Русија и гранатирањето од руските сили. Украинската војска, исто така, постави мини долж брегот во случај на руски амфибиски напад по инвазијата на Москва на 24 февруари, затворајќи ги влезовите на плажата со црвена и бела лента за да се осигура дека цивилите нема да бидат повредени.
Уште еднаш нагласуваме – пливањето во регионот на Одеса сега е опасно и забрането. На плажите и бреговите на регионот се поставени експлозивни направи, соопшти регионалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.