Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека тоа што му го прави Министерството за правда е исто како тоа што го прават „земјите од третиот свет“.
Оваа изјава се однесува на правната постапка што е покрената против него.
Она што ми го прави Министерството за неправда е истото што го прават и земјите од третиот свет“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“.
Трамп додаде дека американските власти „нема да поминат со тоа“.
Ќе ја направиме Америка повторно голема“, наведе Трамп.
Минатата недела, специјалниот обвинител Џек Смит поднесе обвинение против Трамп со четири точки, во кое поранешниот претседател се обвинува за измама на Соединетите Американски Држави, заговор за попречување на официјална постапка (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службена постапка и кршење на права гарантирани со законите и Уставот на САД.
Во јуни, Трамп беше обвинет во рамки на истрагата за доверливи документи кои поранешниот претседател ги изнесе од Белата куќа, а пред тоа, во март, големата порота на Менхетен го обвини за деловна измама.
Тој, исто така, се соочува со можно четврто обвинение во Џорџија, каде што обвинителите ги истражуваат неговите напори да ги поништи изборните резултати во таа сојузна држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.