Авион во кој патувал поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, морал принудно да слета ппоради тоа што му откажал еден од моторите. Инцидентот се случил минатиот викенд откако Трамп, на собир во Њу Орлеанс, изјави дека ја разгледува кандидатурата за Белата куќа на претседателските избори во 2024 година.
Авионот летал меѓу 20 и 30 минути пред да откаже еден од моторите, објави „Политико“, а пренесуваат други американски медиуми.
Пилотот на приватниот авион одлучил да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, а бил на пат кон Палм Бич на Флорида, каде што Трамп живее на својот имот.
Трамп во саботата одржа 90-минутен говор за серија теми пред донатори во хотелот „Четири сезони“ во Њу Орлеанс.
Освен што најави дека сериозно размслува да се кандидира за враќање на позицијата претседател, говорот на Трамп остана одбележан по неговата шега дека САД би требало да ја бомбардираат Русија со свои авиони на кои ќе биде нацртано кинеско знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.