Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека поради четирите кривични обвиненија поднесени против него, тој има поголема поддршка меѓу Афроамериканците „бидејќи го гледаат како жртва на дискриминација“ и го споредуваат она што му се случува со историското наследство на предрасудите за Афроамериканците во правниот систем на САД.
Не сум обвинет за ништо, за нешто што е ништо. И многу луѓе рекоа дека затоа ме сакаат Афроамериканците, затоа што биле тешко повредени и дискриминирани и всушност ме виделе како дискриминиран. Тоа е прилично неверојатно, но можеби, можеби има нешто во тоа“, изјавиТрамп на собир на афроамериканските конзервативци во Јужна Каролина.
Трамп ја фокусира својата трета кампања за Белата куќа на критиките кон Бајден и на тоа што, како што вели, „длабоката држава“ прави се против него.
Изборниот штаб на Трамп предвидува дека тој ќе помине подобро со афроамериканските гласачи во ноември отколку пред четири години, наведувајќи ја неговата предност за прашања како што се економијата и рекордниот број луѓе кои ја преминуваат американската граница со Мексико, кои често завршуваат во градови со големо афроамериканско население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.