Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, порача дека никогаш немал толкава поддршка и дека новото обвинение, кое беше покренато против него, го разбудило светот кога станува збор за корупцијата во САД во претходните три години.

Ви благодарам на сите! Никогаш порано не сум имал толкава поддршка за ништо. Ова обвинение за поранешен (многу успешен) претседател и водечки кандидат во Републиканската партија и општите избори во 2024 година го разбуди светот со корупција, скандал и неуспех што се случи во Соединетите Американски Држави во последните три години“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Трамп додаде дека Америка е нација во опаѓање, но дека повторно ќе ја направи голема, „поголема од кога било“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.