Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, соопшти министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата.

Министерот… ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот.

Западноафриканската земја, исто така, од понеделникот го ограничи пристапот до интернет услугите, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.