Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека кај неговиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден, не се проблемот годините „туку неговата способност“.

Дали некој гледаше нешто што се нарекува дебата? Победивме човек кој навистина сака да ја уништи нашата земја“, рече Трамп во Вирџинија за Бајден, нарекувајќи го „корумпиран и неспособен“.

Како што наведуваат странските агенции, настапот на претседателот Бајден во дебатата вознемири многу демократи, а дебатата дојде во време кога многу Американци веруваат дека Бајден, кој сега има 81 година, можеби е премногу стар за да ја води земјата уште четири години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.