Американската јавност повторно изрази загриженост за возраста на најверојатните кандидати за претседател од Републиканската и од Демократската партија Доналд Трамп и Џо Бајден, откако обајцата изминатиот викенд направија гафови.
Трамп (77) и Бајден (81) се најстарите луѓе кои се кандидирале за претседател во историјата на САД.
Путин има толку малку почит кон Обама што почна да се расфрла со зборот нуклеарно. Сте го слушнале. Нуклеарно. Сега почнува да зборува за нуклеарно оружје – рече Трамп прексиноќа во Ричмонд
Ове е третпат во последните шест месеци да го смеша Бајден со поранешниот претседател Барак Обама. Меѓу другите гафови на поранешниот американски претседател е и мешањето на неговата републиканска ривалка Ники Хејли со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
Грешката на Трамп дојде еден ден откако Бајден двапати ги збрка Украина и Газа кога објави дека САД ќе доставуваат хуманитарна помош по воздушен пат до Палестинците во Газа кои гладуваат поради израелските бомбардирања и блокади.
Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во Јордан и на другите кои со авион испраќаат дополнителна храна и залихи во Украина – рече Бајден во петокот. САД „ќе се обидат да отворат други патишта кон Украина, вклучително можеби и поморски коридор“, додаде тој.
Официјален претставник на Белата куќа подоцна појасни дека Бајден мислел на Газа, а не на Украина. Гафот беше преработен во транскриптот од неговите забелешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.