Поранешниот американски претседател Доналд Трамп експресно реагираше на говорот на актуелниот претседател Џо Бајден, по повод првата годишнина од насилниот упад на разулавената толпа во Капитол Хил, при што го обвини за „уништување на нацијата“.

-Актуелниот претседател го искористи моето име денеска за да се обиде дополнително да ја подели Америка, рече Трамп.

Тој ги повтори наводите за изборни измами.

-Медиумските соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност беа самите избори, повтори поранешниот претседател.

„Демократите сакаат да го имаат овој ден, 6 јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка“, додаде Трамп



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.