Казахстанското Државно јавно обвинителство отворило предмети за масовните немири во земјата, а истрагата е проширена и за терористички активности, јави ТВ каналот „24 Хабар“.

„Главното обвинителство на Казахстан отвори кривични предмети за организирање и учество во немири, а почната е и предистражна истрага за терористички акти“, соопшти телевизискиот канал.

Како дел од истрагата формирана е меѓуресорска работна група, составена од „најискусните службеници за заштита на правото и спроведување на законот, под раководство на специјален обвинител“.

Се истакнува дека учесниците во немирите во Казахстан би можеле да бидат осудени на казни од осум години затвор до доживотен затвор, со одземање на државјанството



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.