Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги предупреди европските влади да не интервенираат со широка финансиска поддршка поради енергетската криза во регионот и дека наместо тоа треба да дозволат потрошувачите да го носат товарот на повисоките цени за да се поттикнат да штедат енергија.
ММФ смета дека државите треба да ги заштитат најзагрозените семејства во таргетирана поддршка, но напоменува дека постоечките политики, чија цел е да ги заштитат сите потрошувачи од растечките цени, ќе ги загрозат европските економии, при што многу од нив се веќе на раб на рецесија, и ќе ја обесхрабрат енергетската транзиција.
„Владите не можат да го спречат губењето на реалниот национален доход кој произлегува од ударот на пазарните нарушувања. Тие би требало да дозволат зголемувањето на цените на горивата целосно да премине на крајните корисници, за да се поттикне заштеда на енергијата и напуштање на фосилните горива“, се наведува во блогот на европската гранка на ММФ.
Досега европските креатори на политиките воведуваа сеопфатни контроли на цените, субвенции и намалување на даноците, за да го ублажат ударот на растечките цени кои пораснаа на целиот континент поради антируските санкции.
ММФ предупредува дека таквата сеопфатна поддршка е кратковида, дека некои влади тоа ги чини проценети 1,5 отсто од бруто домашниот производ оваа година, при што таа мерка придонесува на понатамошен раст на побарувачката, а со самото тоа на пумпање на цените.
„Потиснувањето на покачувањето на малопродажните цени едноставно го одложува прилагодувањето на енергетскиот шок со намалување на субвенциите за домаќинствата и претпријатијата, што би поттикнало штедење и би ја зголемило ефикасноста. Таа политика ја одразува глобалната побарувачка за енергија и повисоки цени отколку што инаку би биле“, се наведува во извештајот.
Наместо тоа, ММФ предлага креаторите на политичките решително да преминат од широко прифатените мерки на олеснување на таргетирани политики на помош, поддржувајќи ги пред сè посиромашните домаќинства кои се најранливи на растот на цените и кои се најмалку способни да се носат со нив.
Целосното компензирање на растот на трошоците за живот за 20 отсто од домаќинствата со најниски приходи би ги чинело владите релативно намалување на БДП од 0,4 отсто во просек за цела оваа година.
„За тоа да го направат за 40 отсто од домаќинствата со најниски приходи, би ги чинело 0,9 отсто од БДП“, се додава во анализата на ММФ.
Понатаму се оценува дека е „прикладно“ владите да поддржат некои, деловно одржливи претпријатија, за време на краткотрајниот скок на цените, на пример, ако Европа се соочи со целосен прекин на доток на гас од Русија.
Меѓутоа, се додава дека, бидејќи се очекува цените да останат високи неколку години, долготрајна вкупна поддршка на претпријатијата е „генерално нездрава“.
Коментарите на ММФ доаѓаат во момент кога европските земји бараат начини да ја намалат потрошувачката на енергија и зависноста од руските нафта и гас.
Од друга страна, енергетските гиганти продолжуваат да собираат високи профити од растот на цените, при што Бритиш петролеум во вторникот јави за најголемата квартална добивка во последните 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.