Aктерката Ен Хеч е во критична состојба откако со нејзиниот автомобил удрила во ѕид од куќа во Лос Анџелес, по што возилото се запалило.

На снимката до која дојде TMZ, 53-годишната актерка е видена како вози во сино „мини купер“, возило кое подоцна влетува 30 метри внатре во двокатна куќа во Мар Виста.

Властите веруваат дека таа најверојатно удрила во тротоарот и летнала два метри од земјата, за на крај да забие со предниот дел на објектот.

Несреќата предизвика голем пожар во домот и, наводно, на пожарникарите им биле потребни 65 минути „да пристапат, да го ограничат и целосно да го изгаснат тврдоглавиот пламен во тешко оштетената структура“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.