Тинејџерка од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинета дека ја избодела мајка си до смрт, затоа што таа ѝ го зела мобилниот телефон.

Припадниците на полицијата од локалната станица во Вилкс-Баре во петокот попладне биле повикани да интервенираат по пријава дека една жена не дава знаци на живот. По пристигнувањето на местото на злосторството, полициските службеници пронашле жена со повеќе убодни рани во пределот на вратот и грбот, а можеле само да констатираат смрт.

На местото на настанот било пронајдено и 11-годишно момче со повреди на грбот нанесени од нож, кои, сепак, не биле опасни по живот, како и 13-годишната ќерка на убиената која е обвинета со убиство.

Според полицијата, девојката на лице место признала дека ја убила мајка си по расправија при која ѝ го одзела „ајфонот“

Според полицијата, девојчето изгледало вознемирено и се каело за тоа што го направила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.