Администрацијата на американскиот Конгрес ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација „Тик-Ток” на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот.

Одлуката е донесена пред да стапи во сила законот за забрана на користење на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро.

Апликацијата Тик-Ток се смета за висок ризик поради голем број безбедносни прашања и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом, напиша шефот на административниот оддел во пораката испратена до сите пратеници.

Почнувајќи од минатата недела, најмалку 19 држави делумно го блокираа Тик-Ток на уредите што ги користат владините претставници поради загриженоста дека кинеската влада може да ја користи апликацијата за следење на Американците и цензурирање на содржината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.