Осум лица загинаа, а уште осум се повредени во пукање во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи.

Полицијата соопшти дека ги неутрализирала двајцата напаѓачи, кои ги опишаа како „очигледни терористи“.

Националната служба за итни случаи на Израел извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица во Јафа.

На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се видат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека се уште се слушаат истрели.

Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на несреќата имало најмалку седум повредени лица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.